Актуелно 14.06.2018 15:03

Биткоинот е класичен пример за економски балон

Биткоинот е класичен пример за економски балон

Цената на биткоинот вчера падна на 6,370 долари, што е најниско ниво во последните четири месеци, само неколку дена откако хакерите украдоа биткоини од јужнокорејската берза за виртуелни валути “Coinrail”, во вредност од 37 милиони долари.

По објавувањето на кражбата, цената на биткоините “се стопи” за 500 долари за еден час и продолжи да паѓа, објави АП.

“Биткоинот е класичен пример за економски балон”, вели стратегот Дејвид Џонс.

Вредноста на виртуелната валута беше зголемена шестпати минатата година, што му помогна на биткоинот да достигне рекорд од 19.783 долари во декември.