Економија 19.12.2018 10:30

Биткоинтот во еден ден порасна за 11 отсто

Биткоинтот во еден ден порасна за 11 отсто

Вредноста на биткоинот, по повеќемесечниот пад, се искачи над 3.400 долари. Растот е благодарение на зголеменото купување на криптовалутата во Јапонија и во Хонг Конг.

На платформата Битстамп, биткоинот забележа најголем дневен пораст од 28 ноември, дури за 11 проценти.

Вредноста на најпознатата криптовалута се намали за околу 80 отсто во однос на вредноста што ја имаше во декември минатата година. Само во последните три месеци вредноста на биткоинот се намали за речиси 50 проценти.

Еден биткоин минатата година на кратко достигна до 19.511 долари, а потоа почна пад, така што криптовалутата изгуби 82 отсто од својата вредноста.