Битолчани денеска изведоа перформанс лути што цела година градоначалничката Наташа Петровска не може да реконструира 500-ни метри улица.
Скоро цела година Петровска не е во можност да ја заврши реконструкцијата на улицата Климент Охридски.
Таа е единствената улица која во две години Петровска се одважи да ја реконструира.
Предлогот на битолчани е овие 500 метри улица да се преименуваат од “Климент Охридски” во “Наташа Петровска”
Битолчани денеска побараа Пендаровски свечено да ја “пуштија во употреба” улицата за која се сомневаат дека Петровска некогаш ќе ја заврши.