Банкарство 23.02.2024 12:56

Бизнисменот и член на НО на Комерцијална банка Фатмир Етеми купи 500 акции од банката

Бизнисменот и член на НО на Комерцијална банка Фатмир Етеми купи 500 акции од банката

Овој период е одличен за инвестирање во Комерцијална банка АД Скопје, а тоа го потврдува и информацијата дека се поголем е бројот на членови на одборот на директори на Комерцијална банка кои купуваат акции од Банката, а на тоа се надоврзува и податокот дека акционерите ќе добијат по 910 денари бруто износ за една обична акција.

Сопственикот на Друштвото за угостителство и трговија ЗСФ-КОМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје и член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, г-н Фатмир Етеми го зголеми својот удел во Комерцијална банка со купување на 500 обични акции.

„Комерцијална банка АД Скопје известува дека г-н Фатмир Етеми, Член на Надзорниот одбор на Банката, се стекна со 500 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје”, се вели во соопштението објавено на Македонска берза.

Согласно пресметките на Банкарство, просечната вредност по акција на Комерцијална банка на ден 23.02.2024 година кога е објавена информацијата, а согласно податоците од Македонска берза изнесувала 16.709,00 денари, што значи дека блок трансакцијата за 500 обични акции изнесувала околу 8,35 милиони денари или приближно 135.000 евра.

Претходно, својот акционерски удел во Комерцијална банка го зголемија и главниот оперативен директор и член на Управниот одбор, г-н Илија Илоски, главниот директор за корпоративно банкарство и член на УО, г-ѓа Билјана Максимовска – Поповиќ, главниот директор за продажба и развој и член на УО, Д-р Никола Џамбазовски, како и г-дин Горан Антевски, член на Надзорниот одбор на Банката и Генерален менаџер на “Раде Кончар-ТЕП”. ()