Актуелно 09.07.2024 08:49

Благ пад на инфлацијата, граѓаните едвај преживуваат

Благ пад на инфлацијата, граѓаните едвај преживуваат

Животот во Македонија е се поскап. Инфлацијата не мирува. Последниот извештај на државниот завод за статистика покажува дека трошоците за живот кај нас за јуни 2024, во однос на јуни 2023 година, има зголемување од 3,2 отсто.

Додека пак индексот на цените на мало има раст од 4,1 проценти. Бројките од статистиките потврдуваат дека само на месечно ниво, инфлацијата има нешто пониски стапки.

– Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни 2024 година, во однос на мај 2024 година, изнесува 0,3 отсто. Намалувањето на инфлацијата во јуни 2024 година, во однос на мај 2024 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 4,2 отсто, комуникации за 0,4 проценти, храна и безалкохолни пијалаци за 0,3 отсто. – велат од Државен завод за статистика.

Џевдет Хајредини поранешен прв финансиски човек очекува да има намалување на цените објаснувајќи дека сега сме во период кога немаме енергетска и преххрамбена зависност како земја.

Секој ден имаме нови цени и тоа континуирано поскапи, толку често се менуваат што кога ќе влеземе во продавница се соочуваме со различни цени на рафт и каса за еден ист производ, вработените не успеваат да ги променат. Да растеа со тој интензитет примањата, животот би бил поинаков.

Населението треба да одвои повеќе пари во неколку карегории каде е забележано зголемување на цените: за здравје, разновидни стоки и услуги, ресторани и хотели, рекреација и култура, домување, вода, електрика, гас и други горива, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата, облека и обувки.

Индексот на цените на мало за само еден месец односно во јуни 2024 година, во споредба со мај 2024 година, е 99.1.