Американската корпорација „Гугл“ објави дека нејзината програма за преведување, со помош на јазичен модел со вештачка интелигенција, „ПаЛМ 2 ВИ“ сега поддржува превод од 110 светски јазици.
Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
„Гугл транслејт“ досега поддржуваше 133 јазици, а компанијата соопшти дека тековното ажурирање е но досега. Оттаму велат дека новите 110 јазици имаат повеќе од 614 милиони говорители, така што најновото ажурирање ќе овозможи преводи за дополнителни осум отсто од светското население.
Некои од овие јазици, како што е кантонскиот, имаат над 100 милиони говорители, но „Гугл“ истовремено одлучи да ги поддржи и ретките африкански јазици, на кои им се заканува исчезнување.
„Гугл“ планира да додаде повеќе јазици во наредниот период бидејќи се стреми да ја исполни својата претходна иницијатива од илјада јазици - заложбата на компанијата да изгради ВИ оеи кои поддржуваат илјада од најраспространетите јазици во светот. Како што продолжува да напредува технологијата со вештачка интелигенција, тој процес ќе стане уште побрз, велат од компанијата.
„ПаЛМ 2 беше клучен дел од сложувалката, помагајќи му на Преведувачот поефективно да учи јазици кои се тесно поврзани еден со друг“, се вели во соопштението.
Јазичниот модел „ПаЛМ 2“ е обучен на повеќе од 100 јазици, што ја зголеми неговата способност за разбирање, генерирање и преведување на различни текстови, вклучувајќи идиоми, песни и гатанки.