Актуелно 24.01.2020 13:23

Блескањето на Заев: Македонија оди назад со брзина на светлината

Блескањето на Заев: Македонија оди назад со брзина на светлината

Екс-премиерот Зоран Заев со години тврди дека Македонија блеска. За тоа колку “блескаме“, вистината ни ја удрижа во лице најреномираните светски агенции, кој Македонија ја ставаат на врвот само во негативните листи.

Наместо напредок, Македонија за клучни прашања оди назад со брзина на светлината.

Минативе два дена, три извештаи покажаа во колку очајна состојба се наоѓа Македонија.

Како држава бележиме пад од 13 места на ранг листата на Транспаренси Интернешнл за индексот на корупција во 2019-та година. На 106-то место, нашата држава се најде во „друштво“ на Албанија, Бразил, Монголија, Брегот на Слоновата коска, Алжир и Египет. Извештајот потврдува дека сме најкорумпирана земја во Европа.

Македонија е рангирана на 77-то место во светот според Индексот на демократија во 2019 година, што вчера го објави „Економист“. Ова претставува подобрување од само едно место во однос на 2018-та година. Според рангирањето, Македонија и натаму останува групата држави со „хибриден режим“ и се наоѓа во иста група со Албанија, Украина, Црна Гора, Сенегал, Кенија, Танзанија, Непал, Мали, Сиера Леоне, Босна и Херцеговина, Пакистан.

Следна вест која пристигна е дека Македонија има најнизок раст на платите во целиот регион во минатата година. Информацијата е од македонскиот ДЗС во координација со регионалните национални заводи за статистика.

Нивото на корупција во Македонија, расте со брзина на светлината. Во 2014-та година на оваа листа сме биле на 64-то место, а денес сме на 106-то. Цели 42 поразителни места ни пораснала корупцијата.

Кај ниту една земја од регионот не е забележан толкав неуспех како кај Македонија

Црна Гора, на пример, во 2014-та година била на 76-то место, а денес е на 66-то. Бугарија во 2019-та година е на 74-то место, а лани била на 77-мо, додека во 2014-та на 69-то.

Косово од лани има разлика од само 8 места. Имено, во 2019-та Косово се наоѓа на 101-во, а лани било на 93-то.

Од 2014-та до 2019-та година, соседна Србија има разлика во позиционирањето на оваа листа од 13 места. Денес се наоѓа на 91-вото место на листата, лани била на 87-мо, а пред 5 години на 78-мо.

Босна и Херцеговина годинава го дели местото со Косово, односно се наоѓа на позиција 101, но ниту една од нив не забележува толку голем неуспех како ние.

Ако ги споредуваме само 2019-та и претходната 2018-та година, за перцепцијата за корупција во јавниот сектор, повторно доаѓаме до заклучокот дека со најголем неуспех се соочува токму нашата земја и дека сигурно не можеме да кажеме дека “блескаме“!