Актуелно 04.07.2018 16:14

Блокчејн технологијата и во прехрамбената индустрија

Блокчејн технологијата и во прехрамбената индустрија

Блокчејн технологијата со голема брзина презема различни области во бизнисот, па и покрај нестабилноста на пазарот на криптовалутите станува решение за многу предизвици со кои се соочуваме денес , и има моќ многу индустрии да ги натера на бројни  прилагодувања – од банкарството и продажбата на недвижнини, до дигитален маркетинг и здравствена заштита. Овој систем за прв пат стигна и во секторот за храна, со цел да помогне за полесно следење на дистрибуцијата на месо и побрзо и побезбедно следење на количините на залихи на овој вид на храна.

Агенцијата за храна (Food Standards Agency- FSA) го заврши првиот дел од блокчејн пилот-програма во која полесно ќе се добие пристап до информации и комуникација со кланиците за месо, како и следење на месото кое е предвидено да помине инспекција.

Овој метод на производство и испорака на месо за следење може да ги спречи скандалите кои се случиле претходно, кога една врста на месо се продавала како друга, со што клиентите добивале лажни информации за производите што ги купуваат.

Продолжување на програмата е планирана за крајот на јули, со што на фармерите ќе им биде од корист оваа технологија за следење на движењето на животните од нивната фарма, која ќе им овозможи подобро да го контролираат она што го произведуваат, и за да добијат прави информации за цените на пазарот.