Економија 01.11.2018 12:34

Богатите туристи веќе не ја посетуваат Будва, тие имаат нова хит-дестинација

Богатите туристи веќе не ја посетуваат Будва, тие имаат нова хит-дестинација

Сумирајќи ги резултатите од овогодишната турстичка сезона во Будва, угостителите истакнуваат дека богатите туристи, кои со децении доаѓале во Будва, сега ја менуваат насоката.

И 2018 година покажа дека гостите со полни џебови сè повеќе доаѓаат во Тиват и Порто Монтенегро, кои Црна Гора ја позицираа на високо место на туристичката мапа на Медитеранот. Туристичкиот центар Порто Монтенегро, најатрактивен комплекс од ваков тип на источниот јадрански брег, е преполн со туристи, и тоа и овие октомвриски денови, пишуваат тамошните медиуми.

„Нашиот центар во текот на сезоната го посетуваат 10 000 туристи дневно, дури и повеќе”, рече Данило Калезиќ од Порто Монтенегро Црна Гора за „Новости”.

„Посетителите доаѓаат да го поминат денот или неколку часа во нашите убави ресторани, базени, во галерии, бутици и други објекти на ова големо пристаниште, каде има и шест луксузни вили и луксузен хотел со пет ѕвездички. Доминираат гости од Западна Европа, има Руси, гости од Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин, а оваа година имаше гости од Далечниот Исток, но и од Србија, БиХ, Македонија”, пишуваат медиумите.