Голманот на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски и неговата сопруга Николина уживаат во улогата на родители на нивното прво дете, па како и секој родител сакаат да го „разгалат„ своето дете и да му угодат.
Тие со своето синче секојдневно објавуваат фотографии, но овојпат Борко на својот Инстаграм профил сподели кратко видео во кое се гледа „малото царство“ на Душан.
Имено на ѕидовите од неговата соба има исцртано Дизни ликови, па собата на Душан наликува на вистинско детско царство.