Економија 12.12.2023 10:31

„Bosch“ укинува 1.500 работни места во две германски фабрики до 2025-та

„Bosch“ укинува 1.500 работни места во две германски фабрики до 2025-та

„Bosch“ планира да укине до 1.500 работни места во две германски фабрики до 2025 година, а тоа го објаснува со прилагодување на бројот на вработени на условите на промена на побарувачката и технологиите во автомобилскиот сектор.

Неделникот Automobilwoche беше првиот што објави за кратење на работни места.

„Како и другите компании, ние мораме да го прилагодиме бројот на вработени на состојбата на нарачките, структурните промени во секторот и навлегувањето на пазарот на идните технологии“, изјави портпаролот на „Bosch“.

„Ја гледаме потребата да се приспособат до 1.500 работни места до крајот на 2025 година во областите на развој, администрација и продажба во бизнисот Drives во фабриките Фојербах и Швибердинген“, додаде тој.

Од „Bosch“ рекоа и дека ќе се обидат да го постигнат ова преку прераспределување на вработените во други сектори, предвремено пензионирање или договори за доброволно отпуштање, додавајќи дека деталите се преговараат со работниот совет. ()