Актуелно 05.07.2018 13:26

Бостанот скапува на нивните – надлежните тврдат нема проблеми

Бостанот скапува на нивните – надлежните тврдат нема проблеми

Бостанот скапува по нивите, а за Владата нема проблем. Министерот контра земјоделците  – тврди дека се откупувале по 500 тони на ден.

– Во откупот на лубениците нема апсолутно никаков застој. Не е точно ниту дека земјоделците се незадоволни од односот на Владата зашто во секој еден случај, кога ќе се оцени дека е потребно, се носат дополнителни мерки како оние за праската, грозјето, пченицата,……рече министерот.
Сепак, сликата на терен е сосема поинаква – земјоделците велат дека никој не го презема бостанот а она што се откупувало одело селективно односно муштерии имало само за луѓе блиски до власта.
Цената за откуп е најниска досега од 1 до 3 денари за килограм. Досега е обран околу половина од родот, а земјоделците велат дека нема поента да го берат она што е останато на нивите.