Актуелно 25.09.2019 20:52

Божиновски: На власта не и одговараат предвремени избори затоа што знае дека ќе ги изгуби

Божиновски: На власта не и одговараат предвремени избори затоа што знае дека ќе ги изгуби

Во денешната емисија на телевизија Телма „Топ Тема“ гостуваше аналитичарот Владимир Божиновски кој кажа дека власта ако сметала дека има и најмала шанса да победи на избори таа ќе ги распишела уште минатата година.

Божиновски истакна и дека ќе се одржат редовни избори во октомври затоа што не и одговара на власта да има предвремени избори поради фактот дека знае дека ќе ги изгуби.

– Нема да има предвремени избори бидејќи не им одговара, ќе имаме редовни избори таму во октомври. Не и одговара на власта затоа што ќе ги изгуби тие избори ако ги даде пред време, кажа Божиновски.