При вчерашната дебата на 1ТВ, водителот Чомовски постави директно прашање на Бранимир Јовановиќ – „Зошто ги елиминиравте капиталните инвестиции во здравство и образованието, со ребалансот на Буџетот“?
Бранимир одговори затоа што не ги трошат парите, и дека тој не е одговорен што некој министер или пак некој директор за школо не ги троши парите.
Со овој одговор е уште еден доказ дека владините функционери одбегнуваат да одговорат на јавноста зошто се кратат капиталните инвестиции во образованието и здравството кои се клучни сектори за граѓаните.