Последиците од последните случувања во Венецула и неизвесноста околу излезот на Велика Британија од Европската унија ќе бидат клучни точки на денешната дискусија на Светскиот економски форум во Давос.
Лидерите покрај овие две теми, според најавите предвидено е да разговараат и за глобалната трговија, особено за спорот меѓу САД и Кина, климатските промени, глобалните политички и бизнис елити, објави АП.
На овогодинешниот Светски економски форум присуството го откажаа американскиот претседател, Доналд Трамп, бтинаската премиерка, Тереза Меј и претседателот на Франција, Емануел Макрон. Организаторите посочија дека 65 шефови на држави и влади, и околу 40 лидери на меѓународни организации, меѓу кои и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, се дел од форумот, додека претседателот на Светскиот економски форум изјави дека околу 37 шефови на држави и владите се од Европа и Евроазија.
На форумот учество земаа и голем број раководители на компании и претставници на граѓанското општество, додека од Групата на седум индустриски најразвиени земји (Г-7) дел од форумот во Давос се јапонскиот премиер, Шинзо Абе, германската канцеларка, Ангела Меркел, и италијанскиот премиер, Џузепе Конте.
Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија започна на 22-ри јануари, а завршува денеска.