Британскиот БДП се намали за 0,5 отсто во јули, повеќе од очекуваното, поради штрајковите во здравствениот и образовниот сектор, како и поради лошото време кое негативно влијаеше на трговијата на мало, пишува Кликс.ба.
Податоците ги објави Канцеларијата за национална статистика (OНС) и наведува дека иако првичната проценка покажува дека БДП е намален, пошироката слика треба да биде попозитивна, бидејќи економијата забележа раст во услужните, производствените и градежните сектори во текот на изминатите три месеци. Канцеларот на финансии Џереми Хант го повтори планот на владата да ја преполови инфлацијата за да обезбеди „одржлив раст и зголемување на платите што и се потребни на земјата“.
OНС во вторникот објави дека иако платите во Велика Британија се зголемуваат, бројот на невработени исто така е зголемен. Конфедерацијата на британската индустрија рече дека зголемувањето на платите и пониските цени на енергијата во споредба со времето кога тие пораснаа по целосната инвазија на Украина од страна на Русија треба да им помогнат на домаќинствата да ја спречат рецесијата. Сепак, се предупредува дека губењето на економскиот моментум во третиот квартал, како што сега го опишуваат компаниите, може да ја задржи економијата во забавување.