Актуелно 09.05.2018 10:39

Брндевски параван за бизнисите на Заеви: За плац од 2300 м2, добил само еден стан од 40 м2

Брндевски параван за бизнисите на Заеви: За плац од 2300 м2, добил само еден стан од 40 м2

Скандалот кој денес во свое видео обраќање го објави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски остава уште неколку мистерии.

Како се добива градежна парцела од 2300 м2 за само 1 еднособен стан од 40 м2.

Имено по добивањето на градежната парцела од страна на општина Струмица, Сашко Брндевски, 1/8 од парцелата ја отстапува на фамилијата Заеви. За оваа парцела Брндевски добива само еден еднособен стан од 40 м2

Според бизнис-логиката што се практикува во градежништвото, сопственикот на градежната парцела по изградбата на станбениот објект добива бруто изградена површина во износ од 20-30 проценти од објектот.

Зградата која сега ја градат Вице и Трајче Заеви е со нето изградена површина од 6888 м2. За оваа парцела бизнис партнерот на Вице Заев, Сашко Брндевски би требало да добие површина од над 1500 м2 од изградената станбена зграда, но Брндевски добива само 40,м2.

Се поставува прашањето дали Сашо Брндевски е само параван за добивање на градежната парцела од страна на Вице и Трајче Заеви, а за возврат добива 1 еднособен стан.

Најнови вести