Актуелно 12.02.2019 14:29

Бројката на заболени од грип дуплирана, а Институтот за јавно здравје молчи

Бројката на заболени од грип дуплирана, а Институтот за јавно здравје молчи

Бројката на заболени од грип јавноста не ја знае. Според одредени информации дознаваме дека оваа недела е дуплирана бројката на заболени од грип, но Институтот за јавно здравје молчи. Последното соопштение на Институт за јавно здравство што го имаат објавено е на 07.02.2019 за период (28.01-03.02.2019) каде што известува дека бројката на заболени од грип изнесува 1.252 лица.

Зошто како Институт за јавно здравје, не пуштија соопштение во текот на овие недели да не известат за моменталната состојба на заболени лица, по починатите 2 лица од грип. Дали се крие реалната бројка од граѓаните со цел да не предизвикаат паника бидејќи и така лекови веќе по аптеките нема.

Лекот „тамифлу“ го нема, граѓаните и вработените од клиниките тврдат дека нема доволно количина на овој лек. Пациенти болни од грип се жалат дека не добиле терапија со „тамифлу“, која се дава во првите 48 часа од инфекцијата со вирусот, бидејќи лекот го нема. Тие велат дека лекарите им кажале оти „тамифлу“ не само што нема во болниците, туку дека тешко се наоѓа и во аптеките.

Со овие примери само се покажува дека ресорниот министер Венко Филипче во изјавите ги прикрива недостатоците на министерството за здравство и очигледно сака да сокрие дека е неспособен за да се избори со пречките кои ги носи самиот здравствен систем.