Актуелно 26.10.2020 14:34

БУЏЕТОТ ТОНЕ: Заев и Спасовски преку казни врз граѓаните се обидуваат да го наполнат празниот буџет, додека народот се осиромашува

БУЏЕТОТ ТОНЕ: Заев и Спасовски преку казни врз граѓаните се обидуваат да го наполнат празниот буџет, додека народот се осиромашува

Животот за граѓаните никако да дојде, напротив граѓаните само тонат во долгови поради оваа ненародна власт.

Повеќе од еден месец полицијата по наредба на првиот човек на МВР Оливер Спасовски спроведува акција низ целата земја на засилени сообраќајни контроли, а според многумина зад оваа акција за зголемување на безбедноста во сообраќајот стои полнење на буџетот кој е празен.

Ова е само доказ за лошото менаџирање од страна на владата предводена од Зоран Заев на економската состојба во земјава која резултира со масовни казни и удар по џебот на граѓаните.

Според податоците кој секојдневно ги објавува МВР граѓаните повеќе од јасно е дека остануваат осиромашени и со празни џебови, а само изминатиот споен викенд МВР се пофали дека казнило огромен број на граѓани се со една цел, полнење на празниот буџет.

Имено денеска МВР објави дека само во Скопје вчера биле казнети 222 возачи, додека во саботата биле казнети над 400 граѓани од главниот град.

Слична ситуација со санкции има низ целата земја, па така за време на викендот само во Делчево и Берово биле казнети 112 граѓани.

МВР инаку најави дека казнувањето ќе продолжи и во иднина.

Дали ова значи дека буџетот е буквално празен и истиот треба да го наполнат граѓаните кои се со долгови до гуша поради оваа власт, останува да видиме.