Живот 25.03.2021 23:58

Цеца ја запозна ќеркичката на нејзиното ново момче: Фолк дивата беше на роденденот на малата Искра (ФОТО)

Цеца ја запозна ќеркичката на нејзиното ново момче: Фолк дивата беше на роденденот на малата Искра (ФОТО)

Светлана Цеца Ражнатовиќ е во емотивна врска со нејзиното ново момче Богдан Срејовиќ, кој е речиси девет години помлад. Покрај тоа што Цеца го запозна Богдан со своите деца, Анастасија и Вељко на Новогодишната ноќ, таа имала можност да ја запознае и Искра, ќеркичката на нејзиниот избраник и да присуствува на нејзината роденденска прослава.

Среќната двојка е во љубовна врска речиси два месеци, а откако заедно ја прославија Новата година, заминаа на зимување на Јахорина.

Цеца досега се обидуваше да го задржи за себе својот емотивен живот, но откако таа и Богдан беа фотографирани од папараците, сфатиле дека веќе не можат да го кријат тоа. По неколку дена забавување, Цеца на своето семејство му соопштила дека има ново момче и за прв пат Вељко и Анастасија го запознале Богдан на новогодишната вечера што Цеца ја организирала во нејзиниот дом. Таа одлучила да организира интимна вечера во најблискиот круг на луѓе, каде ќе ги запознае децата и членовите на семејството со момчето со кое стапила во врска еден месец порано. Анастасија и Вељко, како и останатите членови, многу добро го прифатиле Богдан и според првите реакции, навистина им се допаднало новото момче на нивната мајка. Поради ова, пејачката била многу среќна, бидејќи за неа било многу важно да го прифатат Богдан, за да може целосно да ужива во нејзината љубов со него“ – открива за српските медиуми извор близок до семејството Ражнатовиќ.

„Неколку дена откако се дружеа во вилата во Љутице Богдана, тие отпатуваа на Јахорина. Цеца, која не е позната како љубител на снегот, реши да заплови во зимската магија со својот партнер без никакви проблеми. На сите им беше чудно кога ја препознаа Цеца на планина во друштво на непознат маж, а многу брзо во хотелските кругови се зборуваше дека Ражнатовиќ има ново момче. Откако поминаа незаборавни моменти заедно на планината, двајцата се вратија во Белград, каде ги дочекаа Божиќните празници. Интересно е и тоа што Богдан беше на полноќната литургија кога беше и Цеца, но тоа никој не можеше да го забележи, бидејќи и двајцата беа на различни места. Затоа наскоро можеа да си честитаат едни на други во живо и на големиот христијански празник“ – објаснува изворот.

Цеца неколку пати јавно зборуваше за тоа колку е важно членовите на нејзиното семејство да го прифатат мажот со кој ќе биде блиска, но и зошто не сака во јавноста да зборува за своите емотивни врски:

„Не се заколнав дека ќе молчам за мојот емотивен живот, но видов како се’ се одвива на сцената за сите овие години. Прво давате дел од вашиот живот, кој подоцна станува поголем дел, наскоро најголемиот дел, а на крајот животот ви станува сечиј. Буквално на сите, само не ваш. Вие немате никакво влијание врз тоа што ќе биде напишано за вас или за вашиот партнер, што ќе се ископа од вашето или неговото минато, а да не спомнуваме колку невистина ќе има во приказната и, конечно, како ќе изгледа сето тоа кога ќе стигне до читателите“ – објасни Цеца.