Економија 27.10.2023 09:16

Цената на литиумот во Кина е најниска во последните две години

Цената на литиумот во Кина е најниска во последните две години

Цената на литиум карбонат падна за 2,95 отсто на месечно, а за 70,23 отсто на годишно ниво, јавуваат медиумите во соседството повикувајќи се на податоците на кинеските берзи. Со последниот пад, цената на литиумот всушност падна на најниско ниво од септември 2021 година.

Вредноста на литиум карбонат падна под 165.000 кинески јуани или под 21.275 евра за тон.

Како што пренесува порталот Trading Economics, во септември во Кина е забележано намалување на купувањето нови електрични возила за 11 отсто на годишно ниво, бидејќи домаќинствата значително ги ограничиле големите набавки, пренесува Танјуг.

Песимистичката перспектива за секторот ги натера производителите на батерии за електрични автомобили да се воздржат од купување значителни количини на литиум и други влезови во текот на третиот квартал кога вообичаено се обновуваат.

Покрај горенаведените фактори, на пазарот владееше дополнителна загриженост откако Европската унија започна истрага за субвенциите на Пекинг за производство на електрични возила.

На овој начин се зголеми ризикот од нови царини и трговски бариери меѓу Европската унија и Кина.