Фјучерсите на паладиумот продолжуваат да поскапуваат, а причина за тоа е зголемената светска побарувачка од индустрискиот метал, како и информациите за проблемите со снабдувањето.
Во меѓувреме цената на златото ја заврши вчерашната седница на позитивна територија, иако поскапе во последната седмица на американскиот долар и намалувањата на американските и европските пазари на неделна основа.
Паладиумот со испорака во декември додаде вчера 2,5% на вредноста или 1.137,40 долари за унца. Ова е највисоко ниво од ноември 1984-та година.
Платинумот се зголеми за 1,4% на 845,30 поени.
„Побарувачката на Кина за паладиум продолжува да расте“, вели Мајкл Џонс, извршен директор на „Platinum Group Metals Ltd“. „Ова е нешто што ние го предвидувавме подолго време. Златото треба да биде внимателно“, додаде тој.
Со зголемувањето вчера на цената на паладиумот значително е намалена разликата во однос на вредноста на златото и денес таа е околу 77 долари, во споредба со 500 долари во почетокот на годината.
Фјучерсите на златото за испорака во декември се зголемија вчера за 0,4%, до 1.215 долари за унца, а тоа се случува само еден ден откако беше достигната најниска вредност за последниот месец, покажуваат податоците на „FactSet“.
„Ние се фокусираме на потребниот паладиум за електричните автомобили, но тој претставува 1% од пазарот на автомобили во светот и на тој начин заборавиме на останатите 99%. Паладиумот се користи за производство на бензински катализатори“, вели Џонс.
Тој смета дека не гледа како брзо да одговори на зголемената побарувачка на суровината во светот.
Кај останатите метали исто така вчера беше забележан раст, па среброто со испорака во декември цената забележа раст од 1,3%, до 14.26 долари за унца, додека бронзата поскапе за 1,4%, до 2.74 долари.