Актуелно 16.05.2018 13:05

Цената на златото оди кон врвот

Цената на златото оди кон врвот

 

Цената на златото последните месеци расте бавно, но сигурно оди кон врвот.

Но, има повеќе фактори кои влијаат на неговата цена, а првиот фактор е цената на доларот.  Кога доларот ја губи вредноста, златото зајакнува.

Вториот фактор е инфлацијата, кога парите ја губат вредноста во однос на производите и услугите, и тогаш златото поскапува.  Нормална инфлација во светот е 2 проценти.

Само лани во Германија 17 милиони евра од пари се претворени во злато.  Германија, Русија, Турција и Унгарија кои своето злато го чуваат дома, а најмногу злато купуваат Индија и Кина.  Во последно време често се зборува дека парите треба да се сочуваат така што ќе бидат претворени во злато. Малите вложувачи купуваат плочки од 10 или 20 грама. Средните купуваат од 50 грама, а големите 100 и 250 грама. Практичноста е она на што треба да мислат луѓето кои ќе се одлучат да купат злато.