Економија 16.10.2023 09:11

ЦЕНИТЕ НА ЦРНОТО ЗЛАТО ПОВТОРНО РАСТАТ: Барел нафта поскапе за 7,5 проценти, еве кои се причините

ЦЕНИТЕ НА ЦРНОТО ЗЛАТО ПОВТОРНО РАСТАТ: Барел нафта поскапе за 7,5 проценти, еве кои се причините

На глобалните пазари цените на нафтата драстично пораснаа минатата недела, бидејќи трговците стравуваат дека ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток може да го наруши снабдувањето со нафта од регионот. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела скокна за 7,5 отсто, на 90,89 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 5,9 отсто, на 87,69 долари.

По падот за повеќе од 11 отсто пред една недела, цените на нафтата повратија добар дел од тие загуби минатата недела на лондонскиот пазар.

Цените на нафтата цела недела се движеа во релативно тесен опсег, за во петокот нагло да пораснат, што најмногу е последица на конфликтот на Блискиот Исток.

По една недела воздушни напади врз Појасот Газа како одговор на неодамнешниот напад на Хамас, Израел во петокот најави копнени операции во Појасот Газа.