Живот 08.05.2018 10:28

Цените на млечните производи во светот се зголемуваат, а на шеќерот се намалуваат

Цените на млечните производи во светот се зголемуваат, а на шеќерот се намалуваат

Цените на храната во светот незначително се зголемија минатиот месец, при што цените на житариците и
млечните производи продолжија да се зголемуваат, а на шеќерот да се намалуваат, соопшти Агенцијата на
ОН за храна и земјоделство (ФАО).

Ценовниот индекс, кој го пресметува ФАО и кој мери месечни промени на цената на потрошувачката
кошница, се зголеми минатиот месец на 173,5 поени, во однос на 172,8 поени во март.
Цените на храната на меѓународните пазари во април се зголемија за 2,7 отсто на годишно ниво, соопшти
ФАО.
Агенцијата на ОН предвидува производството на пченица оваа година да достигне 746,6 милиони тони, што
е за 11,3 милиони тони помалку во однос на рекордното ниво од 2017 година.
– Според првичните прогнози за земјоделската сезона 2018/2019, глобалното производство на житарици
треба да биде доволно да ги задоволи потрошувачките потреби, порачува ФАО.