Економија 21.05.2018 18:32

Цените на нафтата на највисоко ниво во изминативе 3.5 години

Цените на нафтата на највисоко ниво во изминативе 3.5 години

Ценита на нафтата достигаа највисоко ниво во последниве три и пол гоидни, како последица на драстичното намалување на нафтеното производство во
Венецуела, растот на глобалнаѕа побарувачка на енергенсот и одлуката на САД за воведување нови санкции кон Иран.
Воведувањето американски санкции кон Иран, кој произведува околу четири проценти од вкупното нафтено производство во светот, би можело да доведе со намалување на
снабдувањето со нафта од Блискиот Исток, во момент кога понудата и побарувачката на „црното злато“ се речиси изедначени, а Саудиска Арабија и Русија преземаат мерки за
одржување на неговата цена. Во јануари 2017 година Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК) и неколку други земји производители на енергенсот кои не се членки на картелот, предводени од Русија, постигнаа договор за намалување на дневното нафтено производство за 1,8 милиони барели, со цел да ја спречат тогашната тенденција за намалување на цената на енергенсот. Според експертот на швајцарската банка „Јулиус Баер“, Норберт Рикер геополитичката врева и стравот од ескалација на тензиите на Блискиот Исток нема да се намалат за брзо време.