Цените на нафтата вчера паднаа на најниско ниво за период од месец дена.
За 1,6% паднаа цените на фјучерсите на нафтата во Њујорк, и тоа е најниско ниво од 18 септември.
Американската лесна нафта WTI падна за 98 центи, на 68,77 долари за барел.
Нафтата “brent” падна за 1.26% на 78,79 долари за барел на лондонската берза.
За 6,49 милиони барели минатата недела се зголемија залихите на нафта во САД.