Економија 03.01.2019 21:37

Цените на стоките во Турција се зголемени за 20,3 отсто на годишно ниво

Цените на стоките во Турција се зголемени за 20,3 отсто на годишно ниво

Цените на стоките за широка потрошувачка во Турција се зголемени за 20,3 отсто на годишно ниво во декември, соопшти Турскиот институт за статистика.

Податоците за декември покажуваат истовремено и мал пад во нивото на инфлацијата споредено со ноември 2018 година кога зголемувањето на цените било 21,6 отсто.

Во октомври инфлацијата во Турција беше 25,25 отсто, што е највисока во изминатите 15 години. Во 2018 година вредноста на турската лира се намали над 20 отсто во однос на доларот.

Најнови вести