Актуелно 15.09.2023 13:55

Цените од први август репер за поевтинувањето на прехранбените производи

Цените кои намирниците ги имале на први август ќе бидат репер, односно ќе се земат како референтни за претстојното поевтинување на повеќе од 50 основни прехранбени производи. Поскапувањата, најголем дел од нив, уследиле по тој датум, рече премиерот Димитар Ковачевски, но како што додаде, предвид ќе се земат и други елементи.

Во тек е анализа на состојбите која, како што посочи, треба да биде завршена до крајот на неделава. Според Ковачевски, најважно е дека се носи мерка со која ќе бидат прекинати можностите за манипулација со промоции на цените и тоа што трговските ланци изразија волја за намалување на цените за најмалку 10 отсто.

Одлуката за замрзнување на цените треба да биде донесена на редовната владина седница во вторник. Во меѓувреме се подготвува теренот, по вчерашната средба со претставниците големите трговски синџири, денес министерот за економија разговара со дистрибутерите, за кои исто така се најавени мерки, со цел да се спречи евентуален недостиг на одредени артикли.