Банкарство 17.10.2023 13:20

Централната банка на Израел направи нешто што никогаш досега не го направила: Шекелот тоне во однос на доларот

Централната банка на Израел направи нешто што никогаш досега не го направила: Шекелот тоне во однос на доларот

Израелскиот шекел и денеска го продолжи падот во однос на американскиот долар.

Според податоците на меѓународната берза Forex, американскиот долар во 16 часот и 45 минути се продавал за 3,99623 шекели, а израелската валута изгубила речиси 3,9 отсто од вредноста во однос на доларот по нападот на палестинските милитанти Хамас на 7 октомври.

Како што претходно објавија медиумите, израелската централна банка продаде девизи во вредност од 30 милијарди долари за поддршка на шекелот, што претставува прва продажба на девизи во историјата на оваа банка.

Според прогнозата, БДП на Израел во вториот квартал порасна за 3,1 отсто на годишно ниво, а септемвриската инфлација беше 3,8 отсто.