Поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, уште на 28-ми април 2017-та обелодени дека до него пристигнале закани од Зоран Заев, кој тогаш беше лидер на опозицијата.
-Што се однесува до директните закани кои кон мене ги упати лидерот на опозицијата Зоран Заев, сакам да му порачам дека јас целата моја кариера ја поминав служејќи и на државата и сум се соочил притоа со многу сложени безбедносни предизвици. Сум работел професионално во полза на Република Македонија и во полза на граѓаните на Република Македонија. Затоа му порачувам дека ниту ме загрижува, ниту пак може да ме заплашат неговите закани и актуелните закани од криминални структури, со кои тој е во спрега. Неговите закани и неговото недолично однесување, повеќе говорат за него и за начинот на кој што тој делува, изјави тогаш Чавков.
На неговата Фејсбук страна денес беше реобјавено видеото со оваа изјава.
Ова беше тема и на синоќешниот ТВ дуел меѓу Заев и Мицкоски, каде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ говореше токму за овие закани иако премиерот се правеше како вакво нешто да не се случило.
-Па вие му се заканивте да бега од државата на Митко Чавков на 28-ми април 2017-та година, тоа го има на прес конференција каде вие го кажувате сето ова, потенцираше Мицкоски.
Чавков денес е осуден за настаните на 27-ми април на казна затвор од 18 години.