Мозаик 06.11.2018 00:15

Чешка со невработеност од 2,3%

Чешка со невработеност од 2,3%

Невработеноста во еврозоната останала стабилна на ниво 8,1 отсто во септември, колку што беше и во август, покажуваат објавените податоци на европската статистичка служба Евростат. Ова е најниското ниво на невработеност од ноември 2008 година.

Во целата ЕУ невработеноста исто останала без промена на ниво од 6,7 отсто во септември, како и во август. Во септември минатата година невработеноста во еврозоната била 8,9 отсто, а во ЕУ – 7,5 проценти.

Најниска била невработеноста во септември во Чешка (2,3 отсто), Германија и Полска (по 3,4 отсто), а највисока – во Грција (19 проценти во јули), и во Шпанија (14, 9 отсто). За една година невработеноста е намалена во 27 земји членки и останала стабилна во Естонија. За споредба во САД невработеноста била 3,7 отсто во септември во однос на 3,9 проценти во август и 4,2 отсто во септември минатата година.

Во септември по проценки на Еуростат 16,574 милиони лица биле невработени во ЕУ, a од нив 13,153 милиони луѓе биле во еврозоната. Значи во однос на август бројот на невработените е намален за 35 000 во ЕУ и е зголемен за 2000 во еврозоната.

Младинската невработеност во ЕУ била 14,9 проценти, колку и во август, па така бројот на невработените млади е 3, 333 милиони. За еврозоната показателот исто останал без промена на ниво од 16,8 отсто или 2,403 милиони невработени млади во земјите.