Концентрирајте се на тоа што би можело да биде причина за вашиот неуспех. Навидум, мали промени можат да создадат многу подобри резултати…
Според порталот „Women’s Health“, тајната лежи во овие четири чекори…
1. Причина за неуспехот
Овој прв чекор подразбира да се насочите кон тоа што би можело да биде причина за неуспехот. Навиката се создава по петтиот пат. Токму затоа, кога нешто ќе започнете да работите, обидете се овие први пет пати да ги избегнете работите поради кои би можеле да не успеете во она што сте го наумиле.
2. Избор
Следи познатото правило 80/20 на Паретов кое вели дека 80 проценти од постигнатите резултати се постигнуваат во само 20 проценти од вкупното време на проектот. Заклучок: Навидум малите промени можат да создадат многу подобри резултати.
3. Друг начин
Многу често во пракса се покажува дека обратниот начин од оној кој е прифатен изглегува како поточен, и побрзо може да ве доведе до посакуваниот резултат. Другиот начин не е погрешен начин, туку напротив.
4. Последици
Причината поради која и најзагрижените работохолици се откажуваат од обврските е тоа што всушност нема последици. Мора да има последици, за да се потрудите да ги избегнете.