Актуелно 28.03.2019 14:32

Четири години затвор за Гордана Јанкулоска

Четири години затвор за Гордана Јанкулоска

За поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска Апелациониот суд ја потврди пресудата за случајот „Тенк“, но и ја намали казната на 4 години затвор.

Според првостепаната пресуда таа беше осудена на шест години затвор.

-Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет  КОКЖ-46/18, во јавноста познат како „Тенк“ , по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбите на обвинетата Г. Ј. од С., делумно ги уважи на начин што ја преиначи првостепената пресуда во делот на одлуката за казната и обвинетата ја  осуди на казна затвор во траење од 4 (четири) години.

Апелациониот суд Скопје во останатиот дел првостепената пресуда во целост ја потврди.

-Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите, информираат од Судот.