Со 58 гласа „ЗА“ и 31 пратеник кои гласаа „ПРОТИВ“ предлог законот кој предизвика најмногу реакции во јавноста – грчки Митилинеос да гради когенеративна гасна електрана во Гази Баба, го помина првиот собраниски филтер.
Сите четири предлог закони за стратешки инвестиции во енергетиката имаа доволен број гласови да го поминат првиот собраниски филтер, нив ги образложуваше Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
„Намалување на загадување, трошоци на јавен систем, цели за , национален план..“ Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања
Токму предлог законот за Митилинеос предивика најмногу реакции во јавноста и беше жестоко критикуван од енергетичарите. пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески повикувајќи се на писмото од Здружението на инженери побара точката да се симне од дневен ред. Неговите колеги истотот го побараа и за другите предлог закони за стратешките инвестиции, но нивните предлози не беа прифатени.
Сега предлог законите ќе одат на расправа во матичните комисии за економски прашања и законодавно правната и ќе се носат по скратена постапка.
Најмногу реакции предизвика токму тоа што со Законот се предвидува државата да и даде 50 милиони евра како директна финансиска поддршка на грчката компанија Митилинеос, без да добие удел во централата која ќе се гради во Железара, а дополнително се обврзува да ја купува произведената електрична и топлинска енергија. Вчера вицепремиерот Битиќи уверуваше дека топлинската енергија ќе се купува за 40% поевтино од таа на берза, а струјата која ЕСМ ќе ја купува по утврдена формула ќе биде поевтина за 5% од берзанската.
Според Здружението пак, со вака скроен закон ќар ќе бидат само Грците. Ќе им се дадат милионски суми, а за возврат ќе плаќаме 3 пати поскапа струја од таа што ја произведува ЕСМ. ()