Актуелно 11.03.2019 12:06

Членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во текот на викендот посетија повеќе населени места во Општина Пехчево

Членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во текот на викендот посетија повеќе населени места во Општина Пехчево

Граѓаните се пожалија дека нивните населени места се испустени во последниве две години. Тие велат дека животот си заминал од тука, младите се повеќе си заминуваат, а тие малку кои останале разочарано кажуваат дека тука нема иднина и размислуваат како да ја напуштат државата.

Тие порачуваат дека повеќе не може да ја трпат оваа беда која ја донесе СДСМ. Порачуваат дека мора да се врати надежта, и мора да има иднина за нивните деца и тука. Токму затоа одлучни се дека СДСМ мора да си замине за да се врати животот и правдината во нивните места и во Република Македонија.