Актуелно 20.01.2020 17:44

Чулев: Ќе застанам во заштита на правата на жените во полицијата, командирот ќе биде санкциониран

Чулев: Ќе застанам во заштита на правата на жените во полицијата, командирот ќе биде санкциониран

-По добиеното известување за сексуално вознемирување, извршените проверки и служебени разговори, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Началникот на СВР Скопје поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и отстранување од работното место до завршување на постапката за лицето С.В. – командир на полициската станица од општа надлежност во Гази Баба, вели Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој потенцира дека ќе застане во одбрана на прават на жените во полицијата.

-Од позиција на министер за внатрешни работи Ве уверувам дека лично и во иднина ќе се заложувам и ќе застанувам во заштита на правата на жените во полицијата доколку истите бидат изложени на вербално или друг вид насилство, деградирани или доколку врз нив се врши било каков вид на мобинг на работното место, сторителите најстрого да бидат санкционирани, потенцира Чулев.