Актуелно 29.05.2020 18:28

Чулев: Наместо суштински политики, владата си тераше ПР

Чулев: Наместо суштински политики, владата си тераше ПР

Порастот на заболени е директна последица на фактот дека власта неместо суштински политики тераше дневен ПР од прашањето поврзано со справување со корона вирусот. Секоја одлука на Владата поврзана со мерките, особено кога изборите почнуваа да стануваат актуелни беше носена низ призма на политика, а не за да се заштити здравјето и животот на граѓаните и тоа е факт од кој нема бегање.

▪️Доколку имаат сомнеж дека полицијата не постапувала соодветно, тоа прашање треба да го упатат до Директорот на Бирото за јавна безбедност и од него да побараат одговорност. Јас во неколку наврати усно преку Координативното тело на МВР, но и писмено побарав навремено, неселективно, целосно и соодветно спроведување на одлуките на владата. Заштитата на здравјето, не е политика. Тоа е оперативно постапување на полицијата што е во целосна надлежност на Директорот за јавна безбедност, факт кој тој во неколку телеграми го потврди и потенцира.

▪️Граѓаните се свесни дека зад олабавувањето на мерките за ограничување на движењето се крие само желбата на владејачката партија за што побрзи избори, а здравјето на граѓаните е во втор план и за ова во неколку наврати укажав во јавноста, но и на седниците на владата.

❗️Фактот дека Министерството за внатрешни работи секојдневно почна да открива криминал во кој се вмешани функционери на владејачката партија веројатно е причината за нервозата во нивните редови. Меѓудругото, јавноста треба да знае и за секојдневните навреди, но и закани по мојот живот на кои сум изложен, а кои дополнително сведочат за ниското ниво на политичка култура, но и за паниката која е присутна кај нив. Граѓаните треба да знаат дека ниту една политичка изјава нема да ме поколеба во мојата намера да го заштитам здравјето и животот на граѓаните, но и да останам посветен во неслективна борба против корупцијата и криминалот.

🗣 За мене се најважни граѓаните и нивното мислење и понатаму ќе преземам се што е неопходно за заштита на нивното здравје и здравјето на целата нација. Денешните изјави се само политички и истите преставуваат непринципиелен притисок врз моето работење.

Фејсбук статус на техничкиот министер во МВР, Наќе Чулев