Економија 23.07.2018 19:40

Цигарите и алкохолот поскапуваат до 50 отсто во Хрватска

Цигарите и алкохолот поскапуваат до 50 отсто во Хрватска

Пушачите и љубителите на жестоки пијалаци ќе да бидат погодени од предвидените предлог-измени на Законот за здравствено осигурување во Хрватска.

Со овој закон се предвидува да се обезбеди поголем прилив на пари во здравството, за да може да се следат медицинските иновации и скапи лекови.

Ако законот помине, цигарите и алкохолот би можеле да поскапат за 50 отсто.

Највисокиот износ на учество за лица кои не плаќаат дополнително осигурување ќе скокне на 4 000 куни (околу 540 евра).

На кутија цигари, која чини дваесет куни, ќе бидат додадени уште 10 куни за здравство. Се очекуваат дополнителни милијарда и пол до две милијарди куни за здравство.

Слично би било и со алкохолните пијалаци, чија цена би се зголемила за педесет отсто. Ако шише жесток пијалак чини 50 куни, уште 25 куни директно ќе одат во ХЗЗО.