ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата официјално листите со кандидати на пратениците за изборите на 12 април ќе ги презентира на јавен настан што ќе се одржи во среда на 11 март. Претходно кандидатите и носителите на листите треба да бидат потврдени на седница на Централниот комитет што ќе се одржи на 10 март во вторник, соопшти денеска на прес-конференција лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.
Деновиве, рече тој, привршуваат анализите во партијата и договорите со коалициските партнери и многу скоро би можело да се знаат имињата на носителите на листите.
-Деновиве се привршуваат сите анализи , практично структурата е готова ,привршуваат преговорите со коалиционите партнери дел од коалицијата „Обнова на Македонија“ стар, дел нов и така натаму, се привршуваат последните консултации во рамките на структурата на партијата, многу скоро денеска ќе биде познато. Според она кое што го договоривме, во вторник ќе имаме Централен Комитет на партијата, кога ќе бидат усвоени практично пратеничките листи и составот на коалицијата со која што ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи на изборите, а во среда веќе ќе имаме настан каде што ќе биде јавна презентација на истите, изјави Мицкоски.