Актуелно 24.11.2023 08:56

„Црн петок“ – еве кои производи најмногу се купуваат на овој ден

„Црн петок“ – еве кои производи најмногу се купуваат на овој ден

Црниот петок не е ист во Македонија или во западните земји. Тој потекнува од Америка, а во последно време го има во сите земји. Компаниите веќе наголемо ги претставија своите намалени цени на понудите, а истражувањата покажуваат дека светот иако има намера да троши, има намера и да штеди во текот на попусти.

„Црниот петок“ доби на значење после пандемијата, затоа што личната потрошувачка е слаба, а платите стагнираат или незначително растат, додека инфлацијата и натаму зема замав. Едно истражување во Франција, покажало дека Французите го сметаат оваа за добра приликад да заштедат, а голем дел сметаат дека е неопходен поради раста на цените во земјата.

Меѓу новите купувачи на „Црн Петок“, 40% кажале дека ќе потрошат помалку пари од минатата година, 49% дека ќе потрошат речиси исто како во 2022, додека 11% планира да потроши повеќе. Некои веруваат дека овој ден е добра можност да се „почастат“.

На Црн петок според истражувањата најмногу се трошат пари на модните производи, облека, обувки, торби, накит, а потоа следува техничка роба како што се телефони, компјутери, таблети, звучници. Исто така се купуваат и мали куќни апарати. ()