За прв пат во последните четири години сировата нафта на светскиот пазар достигна цена од 82 долари. Според аналитичарите, кои го споделија мислењето со познатиот британскиот весник “Гардијан”, најновото зголемување на цената на нафтата може да дојде до нивото од 90 долари, па и до рекордни 100 долари за барел, а со тоа и последица од нова глобална економска криза, како што беше таа во 2008 и 2009 година.
– Со оглед на фиксната понуда, силната побарувачката, паѓа залихата и има недостаток на резервен капацитет, цената на барел нафта би можела да оди до ниво од над 90 долари до крајот на годината, пренесува “Гардијан”, а проценува “Ashburton Global Energy”.
Потоа британксиот весник пишува за уште похрабри проценки од страна на “Mitsubishi UFJ Group”, за притисокот врз цените на нафтата, што ќе доведе до ниво од 100 долари за барел.
Причини: санкции и политички хаос
– Гледаме материјални краткорочни ризици кои би можеле да ја доведат цената на суровата нафта до 100 долари за барел со соодветни штетни ефекти врз глобалниот економски раст и повисока инфлација – наведува “Mitsubishi UFJ Group”.
Како извор на страв од понатамошно зголемување на цените, сите аналитичари ги наведуваат американските санкции против Иран, политиката на ОПЕК, политичкиот хаос во Венецуела, но исто така и неподготвеноста на администрацијата на многу земји да се олабави даночното оптоварување на нафтените производи. Ова второто би предизвикало зголемување на буџетскиот дефицит на државите, што е неприфатливо за нивните влади.
Едногласниот заклучок на аналитичарите е дека враќањето на цените на нафтата на рекордни 100 долари за барел би можело да дејствува како разочарување на светската економија.
Поголема побарувачка за електрични возила
– Растот на економиите во развој може да страда поради зголемените цени на нафтата, предизвикувајќи инфлациски притисоци што доведуваат до зголемување на каматните стапки – рекоа аналитичарите на “PetroMatrix” во анализата за Гардиан.
“PetroMatrix” проценува дека понатамошниот нагорен притисок врз цените на нафтата може да доведе до зголемување на побарувачката за електрични автомобили. Последните податоците покажуваат дека на пазарот во Велика Британија се нудат 114 различни модели на електрични автомобили и е во тек проширување на понудата за уште 41 модел.