Економија 23.04.2018 20:23

Croatia Airlines пред колапс – откажуваат летови, вработените си заминуваат

Croatia Airlines пред колапс – откажуваат летови, вработените си заминуваат

Хрватскиот синдикат на пилоти упати писмо до премиерот и повторно го предупреди дека, како што велат оттаму, ситуацијата во Croatia Airlines е алармантна и дека направен е дебакл со изборот на нов директор.

Во соопштението, пилотите потсетуваат дека уште во јануари упатиле апел до претседателот на владата, а на 14 февруари со стручна презентација го запознале и министерот за сообраќај со проблемите во Croatia Airlines, пренесува „Слободна Далмација“.

„Тогаш предупредивме на алармантната ситуација во компанијата и изразивме стравување дека ќе се распадне целиот систем на Croatia Airlines. За жал, се покажа дека сме во право. Компанијата е пред колапс, а сезоната само што почна“, велат од Хрватскиот синдикат на сообраќајни пилоти.

Причината за тоа, тврдат тие, е нереалното планирање на роковите за зимското одржување на авионите поради што летниот ред на летање почнал без два авиони што ќе почнат да работат со доцнење од месец и пол, поради што се откажуваат летови.

Тие додаваат дека поради тоа, на летовите со авиони Dash Q400 се ставаат авиони Airbus A319/A320, па авионите со 174 седишта обавувале тури за 76 патници на кои пренесувале по 17 патници и со тоа губеле огромни суми на пари.

Тие тврдат дека од авиокомпанијата си заминале половина од механичарите, третина од пилотите и четвртина од стјуардесите, а заминувањето на персоналот продолжува и во 2018 година.

Исто така, компанијата година и пол нема Управа во полн мандат. По трет пат е повторен конкурсот и и понатаму без објаснување се пролонгира. Синдикатот на пилоти смета дека изборот на нов директор бил избор меѓу банкрот и можно спасување на компанијата.