Живот 11.03.2021 13:25

Д-Р ПАНОВСКИ: Има евтин и многу ефикасен лек за Ковид 19, го применуваат Австралија, Индија…! Толку е евтин што дури не го шверцуваат!

Д-Р ПАНОВСКИ: Има евтин и многу ефикасен лек за Ковид 19, го применуваат Австралија, Индија…! Толку е евтин што дури не го шверцуваат!

Зборувајќи за лекот „ивермектин“, кој бил еден од поевтините лекови кои се покажале успешни во борбата против коронавирусот, доктор Никола Пановски вечерва изјави дека треба да се размисли тој да почне да се применува и кај нас.

-„Ивермектин“ најмногу го знаат ветеринарите, тоа е лек кој постои одамна, го даваа во Австралија со „доксицилин“ го даваа во Индија, Багладеш, Египет и имаа резултати со евтин лек. Тоа нешто кажува дека нешто не е во ред во борбата со пандемијата, ако луѓето пиеја евтини, ама фантастични лекови, да помогнеше државата ќе беше поинаку, бидејќи и онака сакаат да пијат лекови. Треба да се размисли итно да се дава лек кој спасува животи, лекот постои 50 години треба да се набави, лекот е многу евтин. Толку е ефтин што дури не го ни шверцуваат. Ама ние сме свртени кон запад. Австралија почна да го дава прва и ефектот е добар, рече тој.

Според него, „ивермектинот“ може да се пие кај здрави кои биле во контакт, кај болни, а дава ефекти и кај пациенти кои завршиле во болница.

-Некои бараат големи студии, ако се почне сега ќе завршат во јуни. Има еден научник во Америка вели подобро да пијат „ивермектин“ кој би чинел 3,5 милијарди отколку вакцина која чини 13,7 милијарди долари, вели Пановски