Постојат установи кои постојат и постојат установи кои оставаат трага. Специјалната очна болница „Деница” од Скопје, која овие денови одбележува девет години од основањето, недвосмислено припаѓа во втората категорија. Изградена врз принципите на врвна стручност, најсовремена европска апаратура и безрезервна посветеност кон пациентот, Деница денес е синоним за лидерство во офталмологијата во земјата и во регионот. На чело на оваа институција стои медицинскиот директор д-р Виолета Бучковска, офталмолог хирург со повеќе од три децении искуство, меѓународно верификувана експертиза и репутација на врвен професионалец кој успешно ги решава и најсложените случаи.
Разговараме со неа за деветгодишниот пат на Деница, за тоа што значи вистинска одговорност во медицината и за тоа зошто пациентите кои доаѓаат еднаш, се враќаат со доверба.
Д-р Бучковска, „Деница” овие денови одбележува девет години постоење. Кога ќе се вратите на почетокот, кое е она нешто кое знаевте дека нема да го жртвувате никогаш?
Квалитетот! Не постои ден во кој сме си дозволиле да кажеме „ова е доволно добро”. Секогаш барме повеќе: подобра апаратура, посовремена техника, поголема прецизност. Тоа е, всушност, и одговорот на прашањето зошто Деница е тука и по девет години, посилна отколку на почетокот.
Деница се позиционира како адреса за најсложените офталмолошки случаи. Што значи тоа во практика?
Тоа значи дека кај нас доаѓаат пациенти кај кои проблемот не е едноставен: напредна катаракта, комплицирана аблација на ретина, тешки форми на глауком, дијабетична ретинопатија… Случаи каде секое одлагање носи ризик. Ние располагаме со апаратурата, со тимот и со искуството за да одговориме на тие предизвици. И го правиме тоа секој ден! Зад нас стојат илјадници успешни операции и уште поголем број дијагностички прегледи. Тие бројки не се самоа статистика, туку најважно, тоа се луѓе кои денес јасно гледаат и ни веруваат.

Зошто пациентите треба да имаат апсолутна доверба во Деница?
Затоа што сме ја заслужиле! Не со маркетинг. Со резултати. И со макотрпна работа. Со деветгодишна конзистентност во квалитетот, со инвестиции во најдобрата апаратура, со тим кој редовно се усовршува на регионални и светски конгреси. Пациентот кој влегува кај нас добива ист третман како во најдобрите европски очни болници. Тоа е наш стандард од првиот ден кој само го унапредуваме!
Во Деница работи поголем тим од офталмолози. Колку е тимот важен во медицина на ова ниво?
Апаратурата е неопходна, но без луѓето таа е само предмет. Нашиот тим е она што навистина ја прави разликата! Секој од нашите специјалисти е посветен во својата област, а заедно покриваме цел спектар на офталмолошка медицина. Она што ме радува е дека по девет години, духот на тимот е ист како на почетокот: сериозен, посветен и со искрена грижа за секој пациент. Тоа не се гради преку ноќ и не се одржува без напор.

Деница соработува и со Фондот за здравствено осигурување и со приватните осигурувачи. Колку е важна таа достапност?
Многу. Убедена сум дека врвната медицина не смее да биде привилегија само на оние кои можат целосно да ја платат. Соработката со ФЗОМ ни овозможува да бидеме достапни за многу поголем број пациенти. Тоа е дел од нашата општествена одговорност и нешто на кое сме особено горди.
По девет години, каде е Деница денес и во која насока гледате во иднината?
Деница денес е зрела институција со јасен идентитет, лидер во офталмологијата, со тим кој расте, со апаратура која се надградува и со пациенти кои ни веруваат. Но јас никогаш не гледам само назад. Иднината ја гледам во понатамошно проширување на нашите капацитети, во следење на најновите трендови и во уште поголема достапност. Деветте години се солидна основа. Она што доаѓа ќе биде уште подобро!
Што би им порачале на сите оние кои сè уште одлагаат одење на офталмолог?
Не чекајте. Очните болести во голем број случаи се асимптоматски во раните фази: не боли, не пречи, а процесот одамна напредува. Превенцијата е секогаш полесна и поефикасна од лекувањето. Еден преглед годишно може да спречи многу. Вратата на Деница е отворена и за рутинска контрола и за најсложен случај.