Актуелно,Живот 12.02.2019 13:00

Да му помогнеме на малиот Филип да не заврши во инвалидска количка

Да му помогнеме на малиот Филип да не заврши во инвалидска количка

Филип е четиригодишно дете кое боледува од церебрална квадриплегична парализа. За него итно е потребна операција која е закажана во специјализирана болница во Србија за да може нормално да го продолжи својот живот – во спротивно, животот би го поминал само во инвалидска количка.

-Неговото семејство во кое работи само таткото, нема доволно средства да го започнат ова лечење, па на овој начин се обраќаат до сите добри, хумани луѓе и организации за мала помош, како би можел Филип да добие шанса да ја направи оваа операција која му значи достоинствен живот, се вели во апелот на Фондацијата „Допир“.

Повеќе информации за начинот на донирање, можете да добиете на Биди хуман сега.