Економија 28.10.2018 16:25

Daimler и Geely прават заедничка компанија за споделено патување во Кина

Daimler и Geely прават заедничка компанија за споделено патување во Кина

Германскиот производител на луксузни автомобили Daimler создава заеднички бизнис за споделено
патување во Кина со локалната Geely Group, соопштува Ројтерс.
Кинеската компанија продолжува да ги затоплува врските со производителот на Mercedes, откако
извршниот нејзини директор, Ли Шуфу стекна 9.69% од Daimler претходно оваа година.
Бизнис
Споделеното патување претставува повеќе од 30% од светскиот пазар на такси услуги, а според
Goldman Sachs може да порасне осум пати до 285 милијарди долари во 2030 година Најголем
потенцијал за раст е Кина, која е и најголемиот пазар за автомобили во светот.
„Заедничкото вложување ќе обезбеди услуги во неколку кинески градови користејќи премиум
автомобили“, соопштија од германската компанија.
Филијалите ќе имаат 50% од акциите во заедничкото вложување. Ќе се користат Mercedes-Benz S-Class,
E-Class и V-Class, како и други автомобили. Финансиските услови и инвестициските планови не се
обелоденети од двете страни.

Конкуренција
Изгледите за влегувањето на автономните автомобили во транспортот ја зголеми конкуренцијата меѓу
технолошките компании, фирмите кои обезбедуваат услуги за превоз, и традиционалните
производители на автомобили.
Didi, основана во 2012 година, ја потврди својата доминација во Кина, откако ги купи операциите на
Uber во земјата во 2016 година. Таа се подготвува да лансира и други транспортни услуги.
Во овој сектор Apple соработува со Ola од ноември 2016 година, а Uber доби инвестиции од Toyota и
Googl