Актуелно 31.08.2018 11:30

Дали бројчаникот ќе врти за криминалната легализација на „Цареви кули“?

Дали бројчаникот ќе врти за криминалната легализација на „Цареви кули“?

Доцна синоќа беше поставен бројчаник на Портата „Македонија“, еден од ветените проекти на Заев во предизборието за парите кои ќе бидат вратени.

-Бројчаник ќе има кога ќе има прва правосилна пресуда на суд дека некој украл пари од државата, најави Заев.

Со оглед на тоа што второстепениот суд ја потврди пресудата на првостепениот, Основниот суд Скопје 2, и ја отфрли жалбата на тужителите Коце Ристовски и Ванѓа Ристовска како неоснована, ги потврди пишувањата на „Република“ дека хотелскиот комплекс „Цареви кули“ е дивоградба легализирана на криминален начин со потпис на Зоран Заев, во тоа време, 2013 година, градоначалник на општина Струмица. Текстовите за оваа криминална афера објавени во неделникот „Република“ во 2016 година не се предмет на „навреда и клевета“, како што сакаше да се прикаже, туку текст поткрепен со документи, којшто ја запознава јавноста со начинот на којшто работи општината, пресекоа и судиите на Основен суд и од Апелациониот суд.

Со ова е изигран Законот за легализација на бесправно изградените градби, со што е оштетен Буџетот на општина Струмица. „Република“ го прашува премиерот Зоран Заев дали бројчаникот што го постави на Триумфалната порта ќе врти и за оваа криминална легализација?