Актуелно 03.12.2019 16:54

Дали е на повидок буџетска криза . Владата денеска се задолжи 2,5 пати повеќе од најавеното

Дали е на повидок буџетска криза . Владата денеска се задолжи 2,5 пати повеќе од најавеното
AppleMark

Владата денеска се задолжи за нови 23,8 милиони евра. Имено, на официјалната страна на Народна банка на Република Македонија објавена е реализацијата од аукцијата на државни хартии од вредност каде наместо најавените 9, 2 милиони евра владата се задолжи за 2,5 пари повеќе од најавените односно за огромни 23, 8 милиони евра.

 

Инаку, владата ги проектираше задолжувањата до крајот на годината но тие секојдневно се зголемуваат односно реализацијата е поголема од претходно најавената. Експертите во јавноста излегоа со критики исто така и кон огромниот буџет најголем до сега кој изнесува 3,9 милијарди евра. Според темпото на зголемено задолжување се поставува прашањето дали е на повидок буџетска криза.

Во меѓувреме , капиталните инвестиции се очајно ниски односно најниски во историјата на Македонија  односно заклучно со месец Септември само  37, 63 %. Сите овие податоци треба да го загрижат секој министер за финансии  бидејќи  задолжувањата се само доказ дека буџетот е во лоша финансиска состојба односно дека државата ги проектира трошоците на повисоко ниво отколку што може да оствари приходи.

Експертите предупредуваат во секој предизборен циклус е забележано е огромно зголемување на буџетскиот дефицит, на зголемено трошење за некапитални проекти, а сето тоа за дневно политички потреби што долгорочно и штети да државата и на економијата.

Инаку, владата пред да дојде на власт континуирано беше гласен критичар на задолжувањата но од кога е на власт постојано ги применува.