Актуелно 18.10.2019 13:54

„Дали е на повидок нов скандал со доделување милионски грантови преку планот за економски раст?“

„Дали е на повидок нов скандал со доделување милионски грантови преку планот за економски раст?“

ДАЛИ Е НА ПОВИДОК НОВ СКАНДАЛ СО ДОДЕЛУВАЊЕ МИЛИОНСКИ ГРАНТОВИ ПРЕКУ ПЛАНОТ ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ?, прашуваат од Комисијата за економија на ВМРО – ДПМНЕ.

-Втора година по ред, Владата на СДСМ од буџетот одвојува милионски грантови за поддршка на компаниите, но освен изјавите на Вицепремиерот Кочо Анѓушев за тоа дека се доделуваат милионските суми државни пари на домашни и странски компании нема никакви конкретни информации. Јавноста сака да знае каде завршуваат тие пари! Кои компании ги добиваат тие милионски неповратни грантови од државата? Колкав износ добила секоја компанија поединечно? Под кои услови компаниите ги добиле средствата? Дали компаниите добитници на грантовите ги испорачуваат очекувањата заради кои ги добиле средствата и многу други прашања, велат од Комисијата и додаваат:

„Го повикуваме двоецот Заев-Анѓушев да дадат вистински одговори на сите овие прашања бидејќи тоа се пари на граѓаните и тие имаат законска обврска за отчетност. Во спротивно се јавува објективен сомнеш дека се злоупотребуваат буџетски средства, дека се доделуваат субјективно грантови на фирми блиски до власта и дека нема никакви критериуми за мерење на ефектите од доделените неповратни грантови. Она што фактите и показателите со сигурност го говорат е дека овие милионски грантови и популистички политики немаат никакви позитивни ефекти за економијата и граѓаните“.

Продуктивноста во економијата опаѓа, подвлекуваат, а земјата ја губи својата конкурентска позиција на меѓународните пазари што на крајот ќе има погубни ефекти за развојниот потенцијал на земјата.

-Двоецот Заев-Анѓнушев се обидува преку популизам базиран на лажен ПР дека економијата блеска да ги прикријат неуспесите и погрешните економски политики. Нивната единствена цел е да си го продолжат политичкиот живот и максимално да ги искористат привилегираните позиции за остварување на своите лукративни цели.